Претставници на Паркот за таа цел учествуваа на VII Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите – „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот на Динаридите“, која изминатите три дена се одржа во Подгорица.
-Посебно го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја, информираше Милорад Андријески од НП Шар Планина.
Во Мрежата Паркови на Динаридите на конференцијата е зачленет и Паркот на природа Драгишница и Комарница од Црна Гора.

Според информациите од НП Шар Планина на овогодинешната Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите собрала повеќе од 110 учесници од осум земји на Динарскиот лак и од Италија, Белгија, Франција, Шпанија и Чешка.
-Учесниците, управувачите на заштитените подрачја на Конференцијата во насока на заштита на просторот кој го опфаќа Динарскиот лак, истакнале дека треба посилно и попосветено да пристапат кон обнова на природата, оспоставувањето и унапредувањето на управување со Натура 2000 мрежата, континуирано да ја спроведуваат и да ја оценуваат ефикасноста на управувањето со заштитените подрачја, како и да соработуват меѓу себе и да ги споделуваат искуствата, информираат од Мрежата на Паркови на Динаридите.
Во текот на двата дена одржани се четири панел сесии, две работилници, како и седница на Управниот одбор и Собранието на Парковите на Динаридите.






