Општина Битола во текот на годината ќе ја поддржи работата на здруженија на граѓани кои се посветени на туризмот или проекти кои се фокусирани на развојот на туризмот. За финансирање на активностите на здруженијата на граѓани во програмата издвоени се 500 илјади денари.
Од Одделението за економски развој на Општина Битола посочуваат дека средствата за реализација на програмата ќе бидат обезбедени од надомест за добивање лиценца за угостителска дејност и од комунална такса за привремен престој во градот.






