сабота, 13 декември 2025

Национална развојна стратегија – автентичен документ дека Македонија има визија и желба на постои како држава и нација

Јавноста обично од стратезите и стратешките документи очекува конкретни и практични одговори за ефектите од визиите и акциите што се предвидени од нив и во нив. На пример, конкретно новинарско прашање на презентацијата на Националната развојна стратегија (НРС) за Македонија од 2024 до 2044 година беше – се знае ли колкави ќе бидат платите во 2044 година?

Објавено на

часот

Сподели

Одговорот од претставниците на Владата беше предизвик за добри математичари: проектираниот раст на БДП е 4,6 отсто, ако се исполнат сите цели во шесте стратешки области на НЗР. Според тоа пресметајте ја платата во 2044 година.

Шегата настрана, Националната развојна стратегија 2024-2044 е прв документ со визија и конкретни предвидени проекти, акции и дејствија за иднината на Македонија, кој е натпартиски и натполитички концепт, што треба да се спроведува независно од тоа кој е и ќе биде на власт во наредните 18-19 години. Оваа стратегија е изгласана во Собранието на 29 октомври 2024 година, а е резултата на успешно спроведен консултативен процес со вклучување на сите општествени чинители. Основата за нејзино донесување е Законот за Националната развојна стратегија.

Во изработката на НРС, која траела 4-5 години, учествувале околу 200 експерти во разни области, како домашни, така и странски. Освен тоа, НРС е комплементарна со Реформската агенда на ЕУ и Целите за одржлив развој. Таа ја дефинита визијата за развој на државата и се темели на три национални развојни цели: зајакнување на конкурентноста на економијата преку функционален и иновативен систем, усовршување на вештините и знаењето, како и вклученоста и отпорноста на граѓаните.

Овие цели се реализираат преку шест стратешки области: одржлива, иновативна и конкурентна економија; одржлив локален и регионален развој што обезбедува кохезија; демографска ревитализација, социјален и културен развој; сигурно, безбедно и отпорно општество; валдеење на правото и добро управување; зелена трансформација.

Развојот на човечкиот капитал о догитализацијата на општетствпто се централни елементи и основен предуслов за напредок во секоја стратешка област.

За спроведување на НРС, воспоставена е целосна оперативна управувачка структура , составена од Национален совет за развој и помошни тела – Управен одбор и Работен комитет.

Дека Националната развојна стратегија не е само уште едно „мртво слово на хартија“, во оваа прва година од нејзиното изгласување во Собранието одржани се три седници на Националниот совет за развој, како постојано советодавно тело на Владата, со кое претседава премиерот, а на 23 декември треба да се одржи четвртата седница. На 16 мај, годинава, во Собранието е формирана Интерпартиска парламентарна група  за следење на напредокот на НРС, со цел обезбедување континуиран политички надзор, мешупарстиски дијалог и институционална поддршка во процесот.

Освен тоа врз основа на НРС веќе е изработена 4-годишна агенда, акциони планови и досега се оформени 11 работни комитети, донесени се 44 заклучоци. Како придобивки кои најбрзо можат да профункционираат од спроведувањето на НРС, наскоро се очекува дигитализација на платните налози во правосудниот систем, воведување електронски апостил, одредена регулаторна гилотина, односно олеснување на административните процедури, а веќе почнаа да функционираат ресурсни центри во локалната самоуправа.

„Националната развојна стратегија е обединувачки, највисок, стратешки плански документ, носител на стратешка рамка – водилка за координирана и насочена работа на сите надлежни министерства и другите органи на државната управа и другите општествени чинители за реализација на националните цели и стратешките приоритети. Предизвици има, со оглед на фактот дека се рабти за нов, системски и голем процес. Како и во изминатиот период, политичката волја и поддршката се клучни – само со здружени напори, во континуитет, потребно е да се продолжи со заедничка работа за спроведување и следење на еден ваков значаен долгорочен стратешки плански документ – важен за државата, за граѓаните, за нас и за идните генерации“, велат од Генералниот секретаријат на Владата, всушност задолжен за оперативно спроведување на Националната развојна стратегија.

Со оглед на сите политички предизвици со кои се соочува Македонија од прогласување на самостојноста, како и променливоста на критериумите за нејзините евроинтеграции ( кои се исто така стратегиска цел), што предизвикува извесна континуирана неизвесност во македонското општество, самото постоење на Национална развојна стратегија со визија за барем 20 години, придонесува во извесна за подигнување на довербата – дека Македонија и покрај сите искушенија има волја, капацитет и намера да постои како држава и нација.

Ј.П.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ