На седницата, којашто е прва по назначување на новиот состав, националниот координатор информираше за поставеноста и дејствувањето на Националниот комитет во кој се вклучени дваесет и две институции, како и за соработката со Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), амбасадите на САД, Холандија, Германија, Велика Британија и други, како и соработката со граѓанскиот сектор.
Се расправаше и за актуелната безбедноста состојба во земјава со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам.
За актуелната безбедносна состојба обраќање имаше Габриела Јаковлева, директорка на Агенцијата за разузнавање, како и претставник од Агенцијата за национална безбедност.
За пост-пеналниот третман на повратниците од Сирија и Ирак зборуваше Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.
За вклученоста на граѓанскиот сектор на планот на превенцијата информираше Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Националниот комитет ги дефинира приоритетите и идните активности за спречување на радикалните појави, радикализацијата, насилниот екстремизам, како и борбата против тероризам.