„Во рамките на конференцијата, денес генералот Лафчиски присуствуваше на церемонијата на примопредавање на должноста командант на Здружената команда на силите во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP), на која адмиралот Стјуарт Манч ја предаде должноста на адмиралот Џорџ Викоф“, информираат од ГШ на АРМ.
На конференцијата, која вчера продолжила со работни сесии, присуствувале и претставници од шест партнерски земји на НАТО, членки на Истанбулската иницијатива за соработка и Медитеранскиот дијалог.

За време на престојот, началникот на ГШ на Армијата остварил одделни средби со стариот и новиот командант на JFCNP, како и со началниците на генералштабовите на сојузничките и партнерските земји од регионот, при што биле разменети мислења во областите од заемен интерес, како и можностите за унапредување на регионалната соработка со цел зајакнување на безбедносната состојба.
SCCC 2025 претставува годишна конференција на која учествуваат началниците на генералштабовите на 13 земји-членки на НАТО што се дел од Здружената оперативна зона – југоисток, како и командантите на NATO Rapid Deployable Corps од Италија, Грција и Турција. На конференцијата учествуваат и командантите на мисијата КФОР (KFOR – Kosovo Force), НАТО мисијата во Ирак (NMI – NATO Mission in Iraq) и операцијата на ЕУ – АЛТЕА.






