недела, 14 декември 2025
По големиот пожар

На жителите на Трубарево од МЗ вечерва ќе им делат маски за заштита од загадениот воздух

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски КН95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.

Објавено на

часот

Сподели

Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.
Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.
На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.
„Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати“, рече министерот за здравство, Азир Алиу.
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ