недела, 13 јули 2025

На земјоделците им се исплатени над осум милијарди денари, тврди Мицкоски

Извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС) за земјоделството нотира поголеми инпути и поголеми аутпути што е позитивно за земјоделците на кои им се исплатени над осум милијарди денари субвенции, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Апсолутно точно е тоа. Тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен  1,2  2 отсто зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците.  И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи  повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање  на отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од осум милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година.

„Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, отприлика“, објасни Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ