Сега, како што информира Мицкоски, на вториот повик има близу 900 апликации, а заедно со првиот се 1.200.
„Тоа се 1.200 градилишта во Македонија, тоа е историска, вековна работа и тоа го правиме за идните и денешните генерации кои заслужуваат подобри услови за живот. Ќе продолжиме да реализираме и во периодот што следи. Очекувајте многу убави вести следните неколку месеци за граѓаните и државата зашто добро е да се гради, за тоа не избраа граѓаните“, истакна Мицкоски кој заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за животна средина е во работна посета на Кавадарци.
Во вториот јавен повик беа предвидени и ставени на располагање до 15 милијарди денари за капитални и инфраструктурни проекти.