Операцијата ја изведоа д-р Макридис Константос од Грција, д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ, раководителот на ортопедијата и тимот на клиниката. За време на интервенцијата се користеше компјутерска навигација, која овозможува прецизно поставување на протезата со 3Д- визуелизација на колкот во реално време.
Покрај хирурзите, лекари и помошен персонал се едуцираат за користење на навигацискиот систем, што овозможува широка примена на оваа технологија во иднина.
Денес се предвидуваат и три операции со навигациски систем за вградување на протези на колена, при што во еден случај ќе се заменат двете колена одеднаш – ретка и комплексна интервенција кај пациенти со билатерална артроза (gonartroza) на колената.
Придобивки за пациентите од воведувањето на овој систем во ТОАРИЛУЦ се: подобра функционалност на зглобовите, поголема стабилност и подолг животен век на протезите, намален ризик од компликации, побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности.
Со оваа интервенција, Клиниката за ТОАРИЛУЦ се позиционира како водечки центар во Македонија за современи светски стандарди во хирургијата на колк и колено.






