понеделник, 22 декември 2025

На Табановце спречен обид за шверц на луксузни часовници

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „ролекс“ и еден „омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра, соопшти денеска прес-службата на Царинската управа.

Објавено на

часот

Сподели

Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење.

„Непријавените часовници се пронајдени при детален преглед на возилото и патниците кои патувале со автомобил со српски регистарски таблички. Возачот, со намера да ја избегне царинската контрола, ги ставил часовниците во една мала кожна кутија, која ја сместил во неговиот црн ранец заедно со други предмети за лична употреба“, информира Царината.

Запленетите производи се предадени на Основно јавно обвинителство Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ