петок, 12 декември 2025

На светот му е потребна Христовата љубов и вистина

Објавено на

часот

Сподели

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан се обрати до верниците по повод Раѓањето Христово – Божиќ.

 Во обраќањето се вели: 

Празникот на Христовото рождество е ден во кој пак и пак се потсетуваме на благовестената радосна вест за настанот случен во Витлеем, настан единствен во историјата на светот и човекот. Но и по повеќе од две илјади години од чудесниот настан на Богораѓањето, човештвото сè уште жеднее по мир и добра волја. На светот потребна му е Христовата љубов и вистина! И нема да има мир на земјата, нема да има добра волја меѓу народите сè додека во душите и срцата наши не се роди и не завладее Христос Господ и не се исполниме со Неговото Евангелие. Токму на Божиќ, денот кога Го прославуваме Неговото спасоносно рождество, прилика е да се потсетиме на тоа колку достојно го следиме Христовиот пат, колку ги почитуваме и ги исполнуваме заповедите и законите на верата. Само така подготвени ќе можеме вистински да Му се радуваме со пастирите, да Му се поклониме со мудреците и да Го славословиме со ангелите, и на овој и во сите денови. Амин! Христос се роди! Честито и од Бога благословено Новото Лето“.   
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ