Вчера од 20 часот, до денеска на пладне поради намалена видливост предизвикана од магла откажани се летовите на пристигнување од Белград, Истанбул и од Истанбул – Сабиха Гокчен. Пренасочен е летот од Франкфурт-Хан. Откажани се летовите за Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23 декември).
Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, ТАВ Македонија апелира до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат.
Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците.
Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што ни стигнуваат од авиокомпаниите.
Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.






