недела, 22 март 2026

ССМ: На работник со 400 евра во државава му се кажува дека зема голема плата и дека нема покачување за да не аздиса

Според податоците за месец мај 2025 година, во Македонија се евидентирани 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата. Од нив, 374.045 работници, или 73,3%, примиле плата под просечната плата, додека 135.915 работници, или 26,7%, примиле плата над просечната плата.

Објавено на

часот

Сподели

Загрижува фактот што 169.082 работници, односно една третина или 33,1% од работниците, примаат плата под 30.000 денари, односно под 500 евра.

Според соопштението на ССМ, одбивањето на Владата, на газдите и на парламентот да ја зголемат минималната плата, директно му нанесува штета на овие 169.082 работници и нивните семејства, кои ниту со две плати не можат да ги обезбедат најосновните услови за живот согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница, што е загрижувачки.

Во соопштението се посочува дека во Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата – функционери, политичари, газди и експерти – се против зголемување на минималната плата, што резултира со тоа малцинството да владее со мнозинството.

„Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ