четврток, 19 март 2026
Време

На Попова Шапка минусни температури и 60 сантиметри снег

Четири степени под нулата се евидентирани утрово на Попова Шапка, додека висината на снежната покривка изнесува 60 сантиметри, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Еден сантиметар снег има во Крушево. Температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево.

Најтопло, со измерени осум Целзиусови степени, е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и во Гевгелија.

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ