вторник, 10 февруари 2026

На Попова Шапка 64 сантиметри снег

На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри.

Објавено на

часот

Сподели

Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека најмногу врнежи во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврнале на Попова Шапка, 17 литри на метар квадратен, по што следуваат со 14 Пожаране, 7 Kрушево, 5 Mаврови Анови, 4 Тетово и Струмица, 3 Кавадарци, 2 Претор, Гевгелија и Ѓуриште и по 1 литар во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Виница, Берово, Лазарополе, Пожар-Радовиш.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ