петок, 13 март 2026

На Попова Шапка 58 сантиметри снег

Четири степени под нулата се измерени утрово во Берово, а на Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 58 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Регистрирани се -2 Целзиусови степени во Битола, Струмица, -1 во Скопје-Петровец, Mаврови Анови, 0 во Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија, Штип, 1 во Куманово, Прилеп, Охрид, Претор, Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид, 3 во Kрушево, а 4 во Виница.

Според синоптичарите и денеска се очекува времето да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува сончево и релативно топло време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура се очекува да достигне до 20 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ