Тој укажа дека претходната Влада во овој дел не му давала задолженија и дека з авреме на претходната Влада, со депониите се справувале општините. Оваа Влада, рече тој, направи исчекор и ми даде поголеми овластувања и тоа јавно го кажувам: оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите.
На прашањето за тоа дека досега, оваа година изгореле 25 отсто од површините во државата, Ангелов рече:
„Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова можете да го зборувате во вашата емисија. Ова е глупост. Обединити Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго. Очекувам и други пожари, бидејќи сме цел на хибриден напад. Имавме еден катастрофален пожар во Јасен, но немавме други сериозни пожари“.
Што се однесува до Вардариште, Ангелов додаде:
„Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари“.






