Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 9 часот, поради појава на магла намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје – Тетово.
„Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони“, соопшти ЈП Македонијапат и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот.






