„Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија“, појаснуваат од клиниката.
Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови.
Од клиниката одговорија потврдно на нашето прашање дали веќе ги имаат сите лекови што недостасуваа.