На аукцијата се запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, рочноста е две години, а каматната стапка 4,5 проценти годишно. Запишаните граѓански обврзници ќе бидат запишани на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредност.
Министерството за финансии посочува дека датумот на достасување на граѓанските обврзници од третата емисија е 19 декември 2027 година. Исплатата на каматата за првата година достасува на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Претходно, Министерството за финансии издаде две емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра кои веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.






