петок, 27 март 2026

На неколку планински превои има врнежи од снег

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка со мали остатоци од кашаста маса на коловоз по интервенција на дежурните служби.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ