„Ние на неделно ниво имаме состаноци со геодетските фирми. За жал, комората на геодети не ги претставува сите геодетски фирми, нити пак дел од тие геодетските фирми се вклучени во работата на комората. Ние конкретно со комората имаме еден проблем кој што е наследен, ако можам така да го кажам, бидеќи потекнува неколку години наназад.
А тоа е, во минатото им биле одземени јавните овластување на комората на геодети од причина што истите комората на геодети не ги вклучува во работата на комората претставниците кои што по закон се предвидени од Агенцијата за катастар на недвижност. Имавме неколку обиди од наша страна. За жал, во моментов ситуацијата е се уште иста.
Не можам да кажам дека во целост ние немаме соработка со Комората на геодети. Меѓутоа, се надевам дека ќе има разум и од другата страна“, рече Живковски.
На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците
Откако лани премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Катастарот се ослободува од криминалот без да соопшти детали, годинава по барање на директорот на Катастарот ревизори ја проверуваат работата на Агенцијата. Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзеде лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа.

Објавено на
часот





