„Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може 4-5 луѓе од Вреди да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење”, рече Таравари и додаде дека ако бидат исклучени од коалицијата соодветно ќе одговорат.
За евентуално помирување и соединување со Зијадин Села, Таравари одговори „оваа куќа е голема и отворена, сите се добредојдени”.