сабота, 6 декември 2025

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор

Од Министерството за здравство денеска информираат дека на Клиниката за ортопедија успешно биле изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти.

Објавено на

часот

Сподели

Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеле науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.

Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Од Министерството информираат дека пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација.

Тимот го предводел проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во интервенцијата учествувале и средно-медицинскиот кадар, Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.

Користењето кадаверични коскени трансплантати, се наведува во соопштението на Министерството, има огромно значење во детската ортопедија – се избегнува нова хируршка рана, болка и дополнителна деформација, а интервенциите се побезбедни и пократки.

„Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата кои даруваат и на тимовите кои посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот“, вели националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Од Министерството за здравство изразуваат благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ