понеделник, 2 јуни 2025

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на менискус од починат донор

За првпат во Македонија е изведена трансплантација на менискус кај 30-годишен пациент, кај кого претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, соопшти Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Операцијата на Клиниката за ортопедија ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богоевска-Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.
Националниот координатор за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.

„Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување на свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина“, вели Кузмановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ