четврток, 12 јуни 2025

На Клиника за урологија се поставува вештачки уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје стана првиот јавен здравствен центар во Македонија кој изведува операции за поставување на вештачки уринарен сфинктер, процедура која досега беше достапна само во странство или во приватни клиники.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Клиниката, интервенциите ги изведува виш научен соработник д-р Огнен Ивановски, кој првите операции ги реализирал под менторство на проф. д-р Сергеи Котов од московската Клиника Пирогов.

Досега се изведени 10 успешни интервенции, со што Клиниката се вбројува меѓу ретките лиценцирани центри за оваа процедура во регионот.

Операцијата е наменета за пациенти со уринарна инконтиненција, состојба која најчесто се јавува по хируршко отстранување на простатата поради карцином.

Вградувањето на сфинктерот значително го подобрува квалитетот на живот и е целосно покриено од Фондот за здравствено осигурување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ