недела, 14 декември 2025

На граничните премини се чека околу 40 минути

На граничните премини Богородица и Табановце е зголемена фреквенцијата и се чека околу 40 минути, додека на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ