вторник, 9 декември 2025

На ГП Табановце за три дена влегле повеќе од 133 илјади патници

Екот на туристичката сезона, празничниот викенд, враќањето на македонските граѓани кои работат во западноевропските држави, ги покажуваат и денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за влез и излез од државата. На најфреквентниот граничен премин Табановце во државата од 1 август до денеска до 10 часот вкупно влегле 133.165 граѓани, во истиот период излегле 73.640 лица.

Објавено на

часот

Сподели

„На граничниот премин Табановце од 1 август од 10 часот до денеска, до 10 часот влез во државата оствариле 52.399 македонски државјани, а излез оствариле 27.690 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 80.766 а ја напуштиле нашата држава 45.950“, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

Наплив на патници е регистриран и на граничниот премин „Богородица“ кон Грција. Во истиот период (1 август од 10 часот до 3 август до 10 часот) влез оствариле 29.959, додека излез оствариле 37.806 патници.

„Влез во државата оствариле 11.472 македонски државјани а излез оствариле 16.011 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 18.487 а ја напуштиле нашата држава 21.795“, информираше МВР.

И на овој премин, МВР ги презема сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

МВР и останатите институции редовно ги постсетуваат возачите да внимаваат, да ги почитуваат правилата, прописите, да возат одморени, да прават паузи, да патуваат одморени, да внесуваат течности и безбедно да стигнат до саканата дестинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ