понеделник, 15 декември 2025

На Готен пожарот се шири

Пожарот на планината Готен се прошири и на териториите на општините Берово и Радовиш. Кракот од страната на Општина Василево е веќе целосно обезбеден. Овој пожар трае веќе девет дена.

Објавено на

часот

Сподели

Состојбата со пожарот на планината Готен излезе од контрола. Тешка механизација е на терен. Повеќе од 100 луѓе се секојдневно тука и се обидуваат да го локализираат пожарот. Другиот крак кон Берово може да префрли накај Дарлан. Таму се шест  пинцгауери со вработени од ЈП Македонски шуми, а во текот на утрешниот ден планирано е со помош на војниците од АРМ целосно да се отсече и тој крак и да се стави под целосна контрола. Кракот на територијата на Радовиш, кај месноста  Мангрите, делумно е ставен под контрола. Еден дел од пожарот е проширен на стрмен, непристапен терен. Таму се пожарникарите од Радовиш, вработените од Македонски шуми и доброволци ловџии од ЛД ‘Готен’. Денеска таму делуваат и два ер трактори на ДЗС“, вели Кире Михаилов, заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“.
Според него, пожарот е проширен на голема територија, но направени се патишта/пресеки за целосното ставање под контрола на овој пожар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ