понеделник, 14 јули 2025

На Галичица пронајдени артилериска граната и рачна бомба од Првата светска војна

Вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица беа пронајдени една артилериска граната 75 мм и рачна бомба, при што од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е интервенирано за безбедно отстранување неексплодирани убојни средства (НУС) од минатите војни.

Објавено на

часот

Сподели

ДЗС апелира до граѓаните, при прошетки во природата во случај кога ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, по што надлежните институции и служби ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани.

Граната од 75 мм од Првата светска војна била истрелана и помината низ топовска цевка, но од непознати причини не експлодирала. Опасноста за активирање, кај вакви веќе истрелани гранати, постои при дејство, удирање, врз запалката и при висока температура, на пример при пожар и слично, велат од ДЗС.


Двете неексплодирани убојни средства се безбедно подигнати и транспортирани на безбедно место од пиротехничарот во ДЗС Битола, Ѓорги Стефанов и овластениот пиротехничар Митко Ташков од ДЗС Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ