Како што објави ЈПДП на својата фејсбук страница, проектната документација за двете клучки е во финална фаза и се очекува нивно одобрување од страна на надлежните институции.
Директорот на ЈПДП Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски биле на терен на локациите каде што ќе се градат новите две клучки.

„Со изградбата на двете клучки ќе се овозможи: побезбеден и поефикасен сообраќај; подобра поврзаност со локалната патна мрежа, подобар пристап до образовни, здравствени и економски центри, поттик за локален развој, туризам и инвестиции“, информираат од ЈПДП и истакнуваат дека остануваат посветени на изградба на модерна и безбедна инфраструктура низ целата држава.






