„На ГП Блато регистрирани се вкупно 226.524 патници. Гледано одделено 45.246 се македонски државјани, од нив, на влез 29.511 додека на излез 24.735. Кога станува збор за странски државјани, регистрирани се вкупно 181. 278 патници, при тоа на влез се 99 670 а на излез 81 608 патници, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Во последните неколку години фереквенција забележа зголемување, за дури и 60 отсто, по изградбата на автопатот Патот на Арбр, кој беше пуштен за сообраќај во ноември 2021 година, со кој оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри. Од средината на март, кога беше пуштен за сообраќај мостот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час.
„На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште на влез регистрирани се вкупно 5.567, додека на излез 5.303 патници или вкупно 10.870 патници. Одделно на влез регистрирани се 294 а на излез 318 македонски и 5.273 странски државјани на влез, односно 4.985 на излез“, нагласуваат од МВР.
Овој премин е на дваесеттина километри од Дебар, кај селото Џепиште, тој е од локален карактер и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион. Во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.