Со оглед на барањето на Шеху, за ова прашање ќе треба да се произнесе правната служба на Државната изборна комисија во одреден временски рок.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко претходно истакна дека вакво упатство за локалните избори во 2021 година било донесено врз основа на одлука на Влада од 2004 за број на советници во општините и во Градот Скопје.
Сепак тој го стави упатството на гласање по кое беше констатирано дека пет членови се за и двајца против со што упатството не може да се донесе консензуално односно едногласно.
„Со примена на одредбите од член 31 од Изборниот законик (ИЗ) точка 34г на која се повика колешката Дитмире Шеху, која гласи дека кога предлог одлука на ДИК се однесува на интереси на немнозинската заедница пред ставање на одлуката на гласање кој било член на ДИК кој припаѓа на немнозинската заедница има право да побара од ДИК да одлучува таквата одлука да биде донесена со консензус. Согласно точка 34г од член 31 од ИЗ како што беше предлогот на колешката, упатството го ставам на гласање како предлог-упатство за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совет на Општини и на градот Скопје“, рече Кондарко и констатира дека пет членови на ДИК се за и двајца против.
Согласно ова и цитираната законска одредба, како што истакна, тој констатира дека за оваа одлука гласањето покажало дека нема консензус и таа не е донесена.
-Согласно дискусијата и предлогот на Шеху, ДИК по нејзино барање може да постапува согласно точките 34д и 34ѓ, односно колешката има право да се обрати писмено до правната служба која ќе го разгледува ова прашање и во соодветен рок е должна да даде одговор со писмено мислење, рече Кондарко додаде дека комисијата ќе се наврати на оваа точка од оваа седница по завршувањето на таа процедура.
На денешната 130. седница ДИК донесе неколку други одлуки поврзани со претстојниот изборен процес за локалните избори, а донесе и упатство за набљудување на изборната постапка.
Димтире Шеху беше избрана за член на ДИК и нејзин потпретседател во 2018 година на предлог на ДУИ во времето кога оваа партија сѐ уште беше на власт и кога на локалните избори во 2021 година беше донесено вакво упатство врз основа на одлука на Влада од 2004 за број на советници во општините и во Градот Скопје, нешто за кое сега Шеху бараше да не биде изгласано.






