среда, 16 април 2025
Министерството за здравство

На домашно лекување се пуштени двајца од повредените во пожарот во Кочани

За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

Објавено на

часот

Сподели

„Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба“, посочуваат од Министерството.

Нагласуваат дека во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

„Во ГОБ ‘8 Септември’ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување. Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување, пациент кој е вратен од Марибор“, велат од Министерството за здравство и додаваат дека активно ја следат состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ