„Право на аплицирање имаат домаќинства: со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, домаќинства со потполно слепо лице и домаќинства со потполно глуво лице. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство“, посочуваат од Министерството.
Потребна документација: Пополнето барање (Обрасци 1, 2, 3 и 4 – според категоријата – домаќинство со едно или повеќе лица со попреченост со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице); Изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар; Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток; Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година; Фотокопија од лична карта на барателот; Фотокопија од лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член/членови од домаќинството) .
„Изјавата за веродостојност и обрасците се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот „Јавни огласи“ (www.energy.gov.mk). Документацијата може да се достави лично во Министерството за енергетика, на адреса: улица Македонија бр. 27 – 1000 Скопје, или по пошта, за граѓаните од внатрешноста“, прецизираат од Министерството.
Повеќе информации, додаваат, може да се најдат на www.energy.gov.mk или на телефоните за контакт 071 319 074 и 070 381 162 секој работен ден од 9 до 15 часот или, пак на електронската пошта : [email protected]






