среда, 25 март 2026

На 29 март почнува летното сметање на времето

В недела на 29 март во 2 часот почнува летното сметање на времето што ќе трае до 25 октомври во 3 часот, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 2 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 2 часот се смета како 3 часот“, соопшти МЕРМС.

Во соопштението се нагласува дека летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 3 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 3 часот се смета како 2 часот.

-Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област, посочуваат од МЕРМС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ