„Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило пежо 207, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, пишува во обвинението.
Неговиот син Васил Јованов е осуден на 12 години затвор откако претходно призна вина затоа што на крајот на јануари годинава ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки премин во центарот на Скопје.