среда, 4 март 2026

МЗШВ тврди дека македонските земјоделци добиле 237 милиони денари

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Објавено на

часот

Сподели

„Исплатите се однесуваат на – Интервентен фонд – мерка 1.2 ‘Произведено вино’ – 59.942.278 денари за 39 корисници; Мерка 213 ‘Плата за овчари’ – 34.089.868 денари за 43 корисници; Мерка 112 ‘Млади земјоделци’ – 17.815.422 денари за 48 корисници; Мерка 121.7 ‘Комбајни за ориз’ – 28.779.597 денари за 48 корисници“, стои во соопштението.

Од Министерството додаваат дека исто така исплатени се и 96.661.300 денари за 34 корисници, по Програмата за рурален развој (набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош).

„Продолжуваме со поддршка кон македонските земјоделци“, се наведува во соопштението на МЗШВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ