Целта е поттикнување на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи.
„Објавен е јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Преку мерката 131 – економско здружување на земјоделски стопанства, подмерка 131.1, се обезбедува поддршка за поттикнување на здружувањето. Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност, согласно Законот за задругите и евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од МЗШВ.
Барањата за користење на средствата се поднесуваат согласно пропишаните обрасци со целосна документација, а деталните информации, условите и формуларите за аплицирање се достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.






