понеделник, 22 декември 2025

МЗШВ: Ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во користењето на средствата од ИПАРД III програмата

Опозицијата денеска преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Објавено на

часот

Сподели

„На состаноците со претставниците на Европската комисија беше најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите од страна на надлежните институции, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи без застој. Напоменуваме дека Македонија останува посветена на искористување на фондовите, во таа насока говори и фактот дека во моментов во регионот во реализација на ИПАРД III програмата, имаме искористеност од 7,3 проценти, што е добро во опкружувањето, веднаш после Турција“, нагласуваат од МЗШВ.

Од министерството посочуваат дека ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД III програмата.

„Република Македонија е посветен партнер во спроведување и реализација на ИПАРД Програмата и затоа апелираме до опозицијата да се воздржи од неосновани коментари и дезинформации, во интерес на заштита на угледот на државата пред меѓународните институции“, нагласуваат од МЗШВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ