Ова е тековна исплата за 2024 година и е наменета за поддршка на производството на наведените земјоделски култури во 2024 година.
„Воедно, денеска се исплатени и средства во висина од 16.041.565,00 денари од мерката 121 – инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, подмерка 121.1 – набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата ‘буша’), од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година“, појаснуваат од МЗПВ.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавуваат дека продолжуваат со исплата на субвенции и инвестиции.