Помошта е исплатена денеска кон 243 корисници, согласно програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од Министерството најавуваат дека продолжуваат со континуирана поддршка на земјоделците и развојот на земјоделското производство.






