петок, 11 јули 2025

МЖСПП: Започна прва фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во Струга

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е започната првата фаза од реконструкцијата и замената на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во градот Струга. Реконструкцијата, како што е најавено, ќе трае 12 месеци и ќе опфати 6,2 километри водоводна мрежа, вклучително и главната улица и 13 краци низ урбаниот дел на Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, како што информираат од неговиот кабинет, на настанот за отпочнување на реконструкцијата, истакнал дека овој проект претставува значаен чекор во насока на заштита на јавното здравје и подобрување на условите за живот на граѓаните.

„Само во првата фаза ќе се инвестираат околу 90 милиони денари, односно 1,5 милиони евра, со кои ќе се подобрат хигиенските услови и ќе се намали ризикот од штетни азбестни влакна. Оваа интервенција е дел од нашата стратешка заложба за здрава животна средина“, изјави министерот Меџити.

Проектот, како што најави Меџити,  има за цел заменa на старите и ризични цевки со безбедни, современи материјали, унапредување на водоводната инфраструктура, подобрување на ефикасноста и капацитетот на системот за водоснабдување.

-Оваа инвестиција е само дел од пошироката визија за одржлива урбана средина, со фокус на јавно здравје, безбедна вода и модерна инфраструктура, изјави Меџити, информираат од МЖСПП.

На настанот за отпочнување на првата фаза од реконструкцијата и замената на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во градот Струга, како што информираат од МЖСПП, присуствувале министри, заменици министри и пратеници од регионот, како и голем број граѓани од градот Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ