недела, 7 декември 2025

МЖСПП: Отпадот во Вардар е резултат на незадоволителното ниво на комунални услуги

Незадоволителното ниво на комунални услуги од операторите, особено во руралните средини е причината за појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби. Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен“, се вели во соопштението од МЖСПП.

Од МЖСПП, посочуваат дека во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до единиците на локалната самоуправа, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ