Меџити, информираат од неговиот кабинет, ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце.
Оваа одлука, како што изјави Меџити, е резултат на континуираната загриженост на жителите и анализите спроведени од надлежните институции за негативното влијание што би го имала ваквата активност, особено во услови на поплави, но и врз здравјето и животот на жителите.
„Ова е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот врз животната средина и нивните животи“, изјави Меџити, додавајќи дека дозволата за работа била издадена пред неколку години од претходните влади.
Следниот чекор, според него, е конечно поништување на концесијата, што е предвидено да се разгледа на наредната седница на Владата. Оваа одлука официјално ќе го затвори оваа прашање и ќе ја врати правдата на страната на жителите.
Дополнително, Меџити го истакна ангажманот за повторно пошумување на овој регион.






