вторник, 8 јули 2025

МЗ вели дека достапни се сите лекови за пациентите болни од рак

Сите пациенти ја добиваат потребната терапија и достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, соопшти попладнево Министерството за здравство пренесувајќи ја информацијата од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).

Објавено на

часот

Сподели

„Лекот paclitaxel е навреме нарачан од Клиниката, но, заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на Клиниката. За paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от. Исто така, лекот еrlotinib, се заменува кај пациентите со gefitinib, кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме, уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден“, се наведува во пишаната изјава на проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ