вторник, 16 декември 2025

МЗ преговара за обука на медицински кадар од Македонија во Словенија, Италија и Австрија

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека освен со Словенија, веќе преговараат и со Италија и со Австрија за да може таму да се обучува наш медицински кадар.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктуира и човечки капацитети. Исто така дигитализацијата ќе помага за да може нашите доктори, експерти кои живеат надвор од нашата држава да можат да бидат активни и да се вклучат во нашиот здравствен систем. Системот пак, мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат граѓаните и услужени, но и да бидеме сигурни дека податоците од нашите пациенти се во сигурни раце“, изјави Алиу одговарајќи на новинарско прашање во општина Бутел, каде беше најавена изградба на нова поликлиника во оваа општина.

Одговорајќи на новинарско прашање кој ќе работи во новата поликлиника во општина Бутел, бидејќи има недостиг на специјалисти во останатите поликлиники во градот Скопје, Алиу рече дека работат и веќе има работна група за национална стратегија за креирање човечки капацитети во здравството.

„Во моментов интензивно работиме на вработување на приватните специјализанти и медицински сестри и се надевам дека за брзо време, по креирање доволно модерна инфраструктура, ќе имаме можност тука да дојдеме и да имаме прес-конференција за екипирање на целата поликлиника со доктори и медицински сестри“, рече Алиу.

Прашан дека нема доволно специјалисти во Скопје, Алиу рече дека се работи за „лајф апликација“ и може да се пристапи на веб-страницата на Министерството за здравство и да се видат податоците.

„Тоа е процес, кој е во континуитет. Се храни со податоци, колку доктори има, медицински сестри и технички кадар. За жал вие имате потполно право. Ние сме свесни дека има недостаток на здравствени услуги за граѓаните – и заради инфраструктурна гледна точка, и заради недостаток на доктори и медицински сестри. Знаете дека капцитетот не може да се креира за еден ден и треба време. За жал здравството е менаџирано ад хок, со ад хок решенија, а единствен ресор кој не бара ад хок решенија е здравството. Вие морате да проектирате за 10 години и инфраструктура и човечки капацитети. Ние впрочем тоа и го правиме. Веќе правиме национална стратегија за човечки капацитети и ќе знаеме за 10 години колку ќе имаме студенти, колку паралелки ќе имаме во средното медицинско училиште за лаборанти и за техничари и ќе може да проектираме понатаму, каде и каков тип на професионалци ни треба“, рече Алиу.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ