петок, 2 јануари 2026

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете

И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Двегодишното дете беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг“, се наведува во денешното соопштение.

Како што се додава, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволувал хируршко лекување.

„И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално туѓо тело. Изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејството и најблиските во овие неизмерно тешки моменти“, потенцираат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје.

„Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и за жал, можат да бидат и фатални“, велат од Министерството за здравство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ