понеделник, 2 февруари 2026

МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции

Министерството за здравство го објави составот на странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, која ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа.

Објавено на

часот

Сподели

Како прво име се наведува д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД, кој има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. Исто така, како експерт е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни списанија во оваа област.

Како член на странската комисија е и д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, со повеќегодишно работно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој воедно е и доктор на науки на Универзитетот во Марибор и има објавено повеќе стручни трудови посветени на кардиоваскуларната хирургија.

Третиот член е д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство на одделот за кардиологија (единица за коронарен третман), при Универзитетскиот медицински центар Љубљана. Овој експерт, исто така, има стекнато титула доктор на биомедицински науки на Универзитетот во Љубљана. Тој во рамки на својата експертиза бил ангажиран како истражувач на престижниот „Cedars-Sinai“ медицински центар во Лос Анѓелес, САД.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ