Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, препорачува Министерстото, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци.
На граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.
„Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот“, препорачуваат од Министерството за здравство.
Оттаму посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и дека ќе постапуваат согласно проценките и потребите.






